од (предл.) - претеран (прид.)

Не се чувствуваше најдобро. Беше изморен од претераното напрегање, на грбот го чувствуваше студенилото од кошулата натопена со пот, а и нозете му беа мокри од снегот што му се истопи по чорапите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги познаваше сите и по имотност и по карактер; го знаеше кој е дарежлив, кој скржав, инаетчија, зајадлив, намќор, ситничар кој бара влакно во јајцето; кој е кротичок, мирен, душа, кој не гази ни на мравка, кој од претерана добрина страда.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така им велеле на далдисаните од чекорење Кои никогаш нема да поверуваат Дека во Британија секоја година умираат По триста илјади луѓе од претерана угоеност.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)