од (предл.) - социјалистички (прид.)

Тој алудираше на една традиција различна од социјалистичката, а со неговото користење уметниците се поставија себеси во опозиција на официјалната култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се тешиме со фактот дека можеби аполитичноста (која е неизбежна социјална последица после вакви енормни порции политика што ги консумиравме последниве години) повторно ќе ги натера луѓето да се бават со својата најнепосредна околина, земајќи го од социјалистичкото минато она најмалку лошото: презирот и игноранцијата спрема политичарите сфатени како некакви хипер-прилагодливи стаорчишта што ријат по житните амбари и повеќе наликуваат на елементарна непогода отколку на „мафијашка структура”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
— Во 49 година дојдоа група писатели од социјалистичките земји. — Тоа не се странци, вели. — Имаше и еден Французин, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
86. Оние карактеристики кои Мисирков ќе ги повтори и кон крајот на својот живот бездруго се однесуваат на бугарските студенти во Русија, кон кои беа приклучени и некои Македонци коишто навистина беа во поголемиот број опфатени од социјалистичките идеи и, според тогашните сфаќања, се однесуваа прилично нихилистички кон националното прашање воопшто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
41. Иако Мисирков не може да се рече дека бил социјалист по воспитанието, сепак неговиот метод на третирањето на историјата и современата положба на Македонија не е далеку од социјалистичката.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)