од (предл.) - убав (прид.)

И таа се поклони како Муарема, ја отвори вратата од убавата одаја и двајцата чорбаџии влегоа внатре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше еден од убавите доцни есенски топли денови кога ја минав границата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа беше бела кучка од убав сој, со чудна милност во очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Петре си купи уште еден ѓеврек и одвај се истави од убавата глетка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вивнаа пламенчиња под жарот од сланината што почна да се топи, се рашири пријатна миризба, создавајќи во изѕемнатата душа на детето нишка од убаво настроение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во ѓерданот од убави денови и настани, првиот жетвен ден избиваше над сите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Носеше некое ново фустанче и ми личеше на малите принцези од убавите бајки. Колку ја сакав!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сум видел како од убав автомобил, низ отворен прозорец се подава женска рака богато украсена со гривни и прстења и како од неа на коловозот паѓа кора од банана!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Превод од италијански: Радица Никодиновска
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Почесните трибини како да расцутеле од убавите дами.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)