од (предл.) - назад (прил.)

Традиција беше - неизречена традиција: ја знаеш од некаде, иако никогаш не си ја чул изречена - да те застрелаат од назад: секогаш во задниот дел од главата, без предупредување, додека одиш низ некој ходник, од една ќелија во друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледни се себе, изгледот твој сега, каде е ангелот невин од назад години, со очи што светат, што зрачи, Ти темен стана.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Помина случајно дедо Петко со магарето товарено дрва пред него и тој со една ластегарка на плеќите и фатена со двете раце од назад и речиси од тукутака, колку да ни проговори, ни рече: - Што правите тука бре обесеници?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Котевица цело време зачудена ги гледаше од назад.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од лево и од десно, од напред и од назад, се здадоа гласови Каде стигнуваат другите што се обесуваат на возовите како црни мадиња? или нас сакате да нѐ заборавите тука? да нѐ оставите со ветриштата и виулиците, со дождовите и со жештините? да нѐ оставите да нѐ смукне оваа проклета рамница како да сме изгниени мушмули?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)