од (предл.) - поодамна (прил.)

Духот од поодамна ѝ беше даруван за курбан.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Дали се познаваме! Па ние од поодамна сме повеќе од обични пријатели.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Биди ми патоказ зашто без него од поодамна се губам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа живееше врзана во стреата, каде што ја беше преместил од поодамна дедо Димо, откако Стрела беше свикната на неа и веќе не ја напаѓаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие уште употребуваа борина за светло што сами ќе ја насечеа по боровите кории, тие уште носеа кошули од домашно ленено платно, тие уште јадеа домашен, црн ’ржен леб, иако цело село од поодамна се беше свртело кон готово, купечко бело брашно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На прашањево на иследникот одговорив делумно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека ти од поодамна си раскрстил со оваа заблуда?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не, за Зрновски немам пишувано од поодамна. Немаше повод.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А твојата посета кај него од минатата недела? Еве, прочитај и самиот – Грофот ми го подаде спомнатиот преглед. – Погледни го наведеното!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во услови во коишто конкретната содржина на десната екстремистичка политика од поодамна е дел од владеачката идеологија како и на институционализираната, значи државна, политика, постоењето на нешто „уште поекстремно“, „уште подесно“, служи само за легитимирањето на државната десничарска политика како умерено центрумашење, за нејзиното полагодно сместување во онаа пренатрупана сива зона во средиштето на политичкиот спектар.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас од поодамна се подготвувам да заминам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)