од (предл.) - прекумерно (прил.)

Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„Едно треба да ти е јасно: и во ваква неповолна ситуација граѓаните имаат право да знаат каков воздух дишат, навреме да бидат предупредени за можни опасности или последици од прекумерно аерозагадување.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)