освен (предл.) - што (прил.)

Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нарачката е со години иста, ништо не се мења, освен што конобарката е све подебела.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Особено гласно чрчори еден дебелко, кој освен што игра паша, како да има и пеачки претензии.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој раскажуваше, ние црвенеевме, а Берта Ауербах сигурно веќе имаше решено уште таа вечер да му каже на овој млад човек дека ја откажува нарачката за семејните портрети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој таа вечер раскажуваше бесрамни нешта, кои се премолчуваа во секој дом и во секое друштво кое не припаѓаше на самото дно на општеството; дури и кога пријателите на Берта се обидуваа барем малку да го насочат разговорот на друга страна, па го прашуваа за тоа каде ги направил првите слики по нарачка, тој зборуваше како на петнаесет години во некоја јавна куќа насликал неколку актови на ѕидовите, а потоа раскажуваше што сѐ правел таму освен што сликал; го распрашуваа кого портретирал изминатите години, а тој ги набројуваше портретите на сопругите на месарите, банкарите, докторите и професорите, и помалку зборуваше за портретите, а повеќе за тоа што сѐ правел со портретираните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)