по (предл.) - главче (имн.)

„А ете, Адолфина остана сама.“ Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ането! - се слушна машки глас. Ане се штрецна, како некој да ја удрил одзади по главчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Нема ништо поубаво за една мајка од тоа да си ги види децата среќни,“ рече нашата мајка, галејќи ги внуците по главчињата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Змејко сега со другата рака посегна и да го погали по главчето и по ушите, сеќавајќи како му се ежави под прстите тоа малечко парче живот, што не знаеше за ниеден друг таков допир по своето телце, освен допирот на јазикот од мајка му, некоја итра, брзонога срна, но јаренцето ни сега не се обидуваше да избега од него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќофтето од кал што го држеше во едната рака се слизна и падна право врз нејзините панталончиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Доста беше го запознала Илка со овој план, но плашејќи се да не ја расипи сета работа, се истрча пред него и му одговори на Трајка, милувајќи си го Толета по главчето, кое мирно цицаше на левата града — Море ами . .. шо да велиме ние, браче Трајко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)