по (предл.) - долина (имн.)

Некаде далеку угоре по долината, кога неговата разоденост беше престорена во една свикнатост, од која му беше топло и пријатно во секое делче од неговото тело тој, сосема мирно, продолжувајќи без тешкотии да се пробива, почна еден обичен, тих разговор со оној свој самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целиот простор вдолж ритчето кон Стрежен и надолу по долината кон Црноеч, беше полно народ.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не само што го познавам туку и го чувствувам јазикот на мимиката; ги толкувам значењата на движењата на рацете; можам да одгатнам и понешто од прошетките на насмевката по ридовите и по долините на лицето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Одам по долината и додека таа се шири за нови чекори сонот ми се згуснува за нови возбуди во стари непреоди во кои се оди долго.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)