по (предл.) - коска (имн.)

Пцости, хрчење, тешко дишење, глуво удирање со тупаници, писок, топло лизгање на ножот по коската, чад - пламен - светлина, мирис на крв, газење по мртво тело, откината рака, пресечен грклан, издупчени гради, болка, крв, штик на штик, нож на нож, цевка на цевка, оган - нож, пцовки, молба, молскавици, крв-крв- крв...мрак - мрак...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаше моменти кога се тркалаше по подот, бесрамно како животно, извиткувајќи го телото наваму-натаму во бесконечен, безнадежен напор да ги одбегне ударите, а всушност само добиваше уште повеќе и уште повеќе удари во ребрата, во стомакот, по лактовите, по потколениците, во слабините, по тестисите, по коската на крајот од ’рбетот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Малку нешто и ќе ми полазаат мрави по коски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навлезена е длабока есен и дува, студи, по коски те удира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден страв, што се вели, ми помина по коски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А толку ги имам замразено возовите, како по коски да ми врват.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И покрај тоа што сите се имаа колку толку засолнато, белиот здив на зимата како да им шеташе веќе по коските.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ване ја турна портата со нога, но таа толку лесно се отвори што не издаде никаков звук, па дури ни како кога нокот загребува по коска - како да била повеќе отворена одошто затворена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но студот лиотски гризе по коските и иглесто дупи со подноктица во нозете и рацете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На излезот од грнчарницата ја удри некој топол воздушен бран што ѝ помина по коските како земјотрес. За малку да ја кутне, да ја онесвести.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѓувезија Дубровска ја фати за рака и се обиде да ја исправи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се исплашија луѓето и отрчаа на брегот, се искачија кај дувалото да видат што се случува, како дошло до избивање на чад. Гледаат како чадот излегува, се ежат, стравот им лази по коски, слегуваат од брегот исплашено, панично.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А надолу по жилите, вели, ми слегува некоја топлинка, некое топло бубаче ми слегува надолу, вели, и ме лаза по жилите, по коските.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)