по (предл.) - лонец (имн.)

Во нашиот гимназиски состав Врапче, нормално, свиреше клавијатури. Беше таканаречениот „киборд мен“. Јас чукав по лонци што ги нарекував „конги“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Жената на која сè уште не ѝ го знаев името, иако Б. С. ми го спомна, забележа дека љубовта не е горчлива додека тоа не го сторат оние што се бават со божемното добронамерно матење и буричкање по лонецот на туѓите чувства.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)