по (предл.) - план (имн.)

И сите решенија почнаа да се исполнуваат со најтанка точност по планот што го подготвуваше коџобашијата со другите советници што беа околу него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Изложбата не може да се разгледа сеопфатно, ниту пак може да се разгледува по план.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Значи, Стале, по планот што го скрои уште првата година кога стапи на работа кај отец Арсенија, треба да биде игумен на овој манастир, а тоа значи веднаш да стане богат човек и да си заживее како што живееше самиот отец Арсенија и редица такви како него „испосници" и „божи угодници".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По планот на Беличот – отсега така ќе го викаме светлокосиот – со возот требаше да се префрлат до последната станица, а од таму со камион или некоја кола да продолжат до бригадните логори.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)