по (предл.) - право (имн.)

Таму, како змиска кожа, беше падната сета правна наука на светот, од римското право до постмодерната демократија; и ослободениот студент по право на прва година не знаеше што да прави не само со своите права туку и со своите прсти, освен да ги меси мрвките леб во сè побезоблични облици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гога работеше во поштата и инаку беше вонреден студент по право, еден од оние млади луѓе што, запазувајќи си го својот јазик и однесување сепак можат да воспостават необично брзо и лесно контакт со луѓето од старото поколение, и тоа по еден шеговит начин, од кој не можеш да се лутиш.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И, оттука натаму, го поддржувал во учењето сѐ до студиите по право во Белград.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)