по (предл.) - престанување (имн.)

Доколку физичкото лице – трговец поединец е осудено за кривично дело што го прави неподобно за стечаен управник, лиценца за вршење на стечаен управник може да добие по престанувањето на правните последици од осудата; и 5) да даде изјава дека во работењето ќе ги применува правилата во согласност со кодексот за етиката на стечајните управници и 255 професионалните стандарди.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лиценца за вршење работа на стечаен управник може да добие физичко лице – трговец поединец, ако ги исполнува следниве услови: 1) да располага со потребна стручност и деловно искуство; 2) да има висока стручна подготовка и најмалку пет години работно искуство од областа на трговската дејност; 3) да положил испит за овластен стечаен управник со кој стекнува уверение за овластен стечаен управник; 4) да не е осудуван за кривични дела што го прават неподобен за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работите на стечаен управник може да ги врши физичко лице кое има лиценца за вршење на работите на стечаен управник, како и ЈТД или ДОО основано само за вршење на работи на стечаен управник и има лиценца за вршење на работите на стечаен управник и се зачленети во Комората на стечајни управници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Органи на стечајната постапка се: стечаен судија, стечаен управник, одбор на доверители и собрание на доверители (чл. 18, ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па така, според конечната верзија на овој член „работникот, по престанувањето на работниот однос, по кој било основ, има право на обесштетување за неискористениот годишен одмор“ (чл. 20, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Доколку друштвото е осудено за кривично дело што го прави неподобно за стечаен управник, лиценца за вршење на стечаен управник може да добие по престанувањето на правните последици од осудата (чл. 20, ст.1, 4-5 од ЗС). 5.  Од 1 јануари 2006, секој работодавач кој има над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една локација е должен да води електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа (чл. 116, ст.7 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Стечаен управник е лице кое е овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот (чл. 2, ст.1, ал.67 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)