по (предл.) - ред (имн.)

И за час, сѐ по ред во Потковицата, и христијанско и турско, беше превртено тумбе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите по ред се наведнаа над софата и секој го бакна револверот и камата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Учењето добро врви... Новиот учител е добар.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кујунџиите, златарите и џаварџиите сочинувале еден еснаф, а пушкарите, сабјарите и кожарите друг. И така по ред и другите занаети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Патописецот Евлија Челебија, при неговата посета на Скопје во 1660-1681 година, забележал дека градот имал над две илјади години, со плоштади и пазари, со сводови и куполи, во кои доминирала централната чаршија со сокаци чисти и калдрмисани, со опојни миризби на босилек, јоргован и крин во вазни саксии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Отпочнува, кој знае која по ред, верзија за животната љубов во приказнава на мојот мелодраматичен пријател, кој, гледајќи низ мене, продолжува да рецитира: - Летото ни беше климакс.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Јас секогаш ги потресувам од правот моите облеки, потоа чеизот и сѐ по ред, не дозволувам лошото да полегне, да се полепи по нив, зашто подоцна било кога, може да ми засмета, да биде кочница за развој! – зборуваше Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ајде седнувај душо! Прво ќе почнеме со кафето, цигарите и сѐ друго по ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да им кажеме како што сме научиле од Светото писмо, и дека сѐ по ред и сѐ иде од Бога, а не од друг некој.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ќе ѝ ги пишеш волшебните зборови за успех во работата, за бериќет и љубов, а можеш и лента да ѝ снимиш (аудио), да те слуша по стопати дневно и да ги направи сите работи по ред, како по инструкциите што си ѝ ги издиктирала со радиофоничен глас.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога бев вљубена првпат, вторпат, којзнае којпат по ред (а се влубував на пола час, силно, страсно... и ми поминуваше!), и тогаш скокав до кај другарка ми за да ѝ се доверам дека, ете, пак сум вљубена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Видете, госпоѓо, ми фали развод од таа од Србија, додуша тоа веќе не е Србија, повеќе е Косово“, ми се развикува работничката на шалтерот додека цел ходник ја слуша во чудо и живо ги интересира која сум јас по ред во низата, а и нервозни се веќе од чекање, па цупкаат во место и ц’цкаат со заби, желни за уште информации за мажот - чудо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но со некои од работниците таму збораме македонски и неколку пати ни доаѓаше полиција, ни се заканваја дека ќе не затвораат сите по ред.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Еми баш то и сакам да кажам: оти јас да учам некого прво да го засаквам, а во исто време веќе ќе треба да се грижам за него, да минувам денови и денови со него, да делам сѐ по ред...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дојде момент за мојата омилена тема - мачката, и штом се реализира сѐ така по ред и малото тробојно топче ми заспа во рацете, кивнувајќи неколку пати и притоа испуштајќи по некое кломбурче млекце низ носето од првиот оброк со локање, јас се вдадов нашироко да распредувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Со очите брзо прелетуваше по редовите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дедо попот чита од Евангелието, сѐ по ред запишано од Апостол Марко - како што се случило на тој Ден - ВЕЛИПЕТОК - мачни страдања на Богочовекот... молитвени зборови од СИНА до ТАТКОТО - ОЧЕ, ПРОСТИ ИМ ОТИ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Пренесувајќи ја таа улога од женски на машки субјект и изведувајќи ја години по ред, италијанските вдовици од Фајер Ајленд ја преувеличувале, ја денатурализирале и ја театрализирале, а ефект од тоа било што се привлекло внимание кон нејзините изведбени димензии и што станала уште позасмејувачка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Кој ли е овој по ред? - одвај чујно праша Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Пандо ја изгаси цигарата од каменот и праша: - А зар не е време да се подготвиш за пат?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе ги собереме по селата тие ѓаури, ќе ги протепаме сите по ред, да знаат дека живеат под власта на исламот, ќе собереме што имаат по некоја пара, и стока, ќе одбереме секој по две-три убави ѓаурки, а сигурно ќе најдеме доста и здрави деца да му пратиме на падишахот за јаничари, – се присети кадијата на бившото грабење на Атпазар, и продолжи: – Согласни ли сте?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако те викне падишахот кај него, да му раскажеш сѐ по ред како мене што ми раскажа. Разбра?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еднаш тоа беше Франсоа Митеран, другпат Тургут Озал И така по ред во текот на четири години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Грдан бара два таса перкија, рибарот го гледа напоречки, нешто не му оди по редот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Помошници кои во негово име и во името на Нова Година, не е важно која по ред, ќе ги разнесуваат по разни градови, села.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сите се плашеа од таа кобна директива, којзнае која по ред која ќе значеше конечно пресметување со козите, но и со оваа повратна живост на лицата на луѓето, првпат од војната, во слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, да започнам сѐ по ред. Кога ти ни замина од големото семејство, ни остана тоа како тело без ум.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сé и по ред: како дошол, каков бил и што им рекол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Таа тоа убаво го почувствува и продолжи: – Еве, сега, сѐ ќе ви раскажам, по ред!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си влегоа дома, си седнаа и таткото сѐ по ред ѝ раскажа на Билјана за детето што се викаше Цане и што сакаше да го купи автобусот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не ми веруваат. - Како остана само ти, ми велат, како се спаси само ти? Им кажувам сѐ по ред.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И на годините со децата, се сеќавам како нивните гласови звучеа во ноќта, се сеќавам на мирисот на нивната кожа лете, на многуте игри што маж ми ги смислуваше за нив, на распоредот на влакна на неговите гради, на неговиот стомак и нозе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пребирам по нив по ред, бележејќи го она што повторно можам да го доживеам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можам да си ги доловам фустаните што жените ги носеа на моите забави и звуците што мажите ги испуштаа додека водевме љубов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сеќавам на бројот и квалитетот на комплиментите што ми беа упатени во разни прилики.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)