по (предл.) - чешма (имн.)

— Мори, ка не а мрзе, песјачката една, секој ден да се чешла! — се чудеа жените по чешмата и реката, гледајќи ја често да се чешла.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бисера им ги даваше вчерашните на девојчињата, носеше и таа како млада невеста по чешмата, по реката и каде што излегуваше по комшии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Мори, мори, Рожденкината ќерка, ошче во пелените почнала да везе! — ја озборуваа Доста по чешмата невестите чии ќерки ни по десетте години не знаеја ни да везат ни да бројат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)