по (предл.) - вистински (прид.)

Еразмо се кршеше некаде помеѓу желбата за земска храна, за удобност, за сладостраст и среброљубие – содржина на разјарениот бик кој требаше да се гони, да се вглави и здодевните разговори со сопственото живо битие што одвај преживува, полно со животен сјај во очите, со мрачнина и студенило во душата, со поглед насочен кон височините во потрага по вистинската желба за битисување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој трагаше по вистинските извори, но колку што читаше од своите книги, посебно за козите, толку повеќе се одалечуваше од одговорите на животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој ти го покажува патот по вистинската насока, без скршнување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Над дваесет литија и други црковни знаменија го бодеа небото, наредени по вистинскиот ред.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Онаа лекција на мајка ми дека добар секс се нуди за евтини пари на секое ќоше, ама дека сите се во потрага по вистинска љубов, ме додржа мене во истата кујна, до шпоретот и... добро де, и во спалната во која влегуваа туѓи парфеми и парчиња кожа под ноктите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Можеш ли да ми одговориш, се сврте тој кон мене, кое било првото прашање што си го поставил Адам кога се нашол во надворешниов свет во кој ќе треба самиот да одлучува а притоа не му се дадени или нема при себе никакви упатства и елементи што ќе му помогнат да донесува одлуки што ќе го поведат по вистинскиот пат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)