по (предл.) - заеднички (прид.)

Зборовите, стихот, нашите судбини, нѐ доближуваа до камиевската медитеранска потрага по апсолутното во судир со апсурдот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во светот почна студената војна, малку години по заедничката борба на голем број земји против фашизмот. Историјата го чинеше своето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше тоа крајот на медитеранското лето во Струга, но еден нов почеток на едно пријателство кое подоцна ќе се влее со својата дискретна и ненаметлива присутност и во моите дипломатски години, во заедничката потрага по убавината и толерантноста на човекот кога страда, кога трага во неговата поширока смисла и хармонија во потрага по заедничкиот излез ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)