по (предл.) - изгубен (прид.)

По изгубените надежи во приврзаниците на Младотурската револуција и надежите што ги пробуди побунетиот офицер Нијази Беј од Ресен за европската разврска на бунтот, настапија балканските, па светските војни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога Татко ќе насетеше дека допира до рајските предели и лесно преминува во сон, одеднаш се будеше, се забрзуваше во реалноста, барајќи го брзиот тек на водите во потрага по изгубениот чекор на минливоста.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие сметале дека во случај „Македонија навистина да е независна, бугарскиот отпор кон оваа солуција можеби не би бил голем, особено по изгубената војна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но биле убедени дека "непомирливо спротивставување секако ќе покаже Србија, која полага право и смета дека југословенска Македонија е дел од Србија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој, имено, предлага насловот на Прустовото ремек-дело, наместо „Во потрага по изгубеното време“, да се измени во „По трагите на (трагајќи по) загубеното време“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Враќањето од изгубениот рај на детството содржи една евидентна прустовска резонанца, само лесна варијација нѐ дели од Потрагата по изгубеното време: ако враќањето е опишано како невозможно, тогаш враќањето (од враќањето) нему му успева!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)