по (предл.) - мирен (прид.)

По мирната видна поврнина, извртени на грб, се белееја многу риби, замелушени од експлозијата. – Гледаш ли? – гордо рече Беличот, кога почнаа да ги берат рибите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Арафат тие денови беше во целосен револуционерен залет и занес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во овој контекст, се чини умесно да го споменеме и примерот на неговиот непосредно претпоставен раководител, кој исто така покренуваше спорови кон Министерството како работодавачот за слични причини, бидејќи – поради непрофесионалниот однос на правната служба – практично немаше начин споровите да се решат спогодбено и по мирен пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред поднесување на тужбите тој не разговара со надлежните т.е. со неговите претпоставени, за спорот да се реши вонсудски – бидејќи увиде дека веќе има „премолчена“ пракса на иницирање и добивање на судските спорови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тука бев една година со познатиот француски поет и ректор на Сорбона Робер Мале, кому претседателот на тогашната Француска Република, по историските настани од 1968 година, по неуспешната интервенција на полицијата да ја смири ситуацијата, му ја доверува судбината на Универзитетот, по мирен пат да го разреши не само големиот генерациски конфликт, туку и една од големите европски кризи на интелектуалноста и власта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Робер Мале останува верен на својата мисија оти по мирен пат ќе го разреши судирот, верувајќи, како и во поезијата која ја создаваше дека останува конечен жител на татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големата меѓусебна искреност, во овие клучни времиња во борбата за опстанок, во овие јазолни балкански времиња кога поради нестрпливоста да се дојде до разврска по мирен пат, често се посегаше по ножот, ги поврза нивните души до претопување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа стариот Бургиба, кој му ја донесе независноста на Тунис, како фанатик на политиката чекор по чекор по мирен пат благодарение на својата стратегиска мудрост ја обезбеди првин автономијата, па потем неизоставната независност на својата земја, но и како признат мудрец во земјите на третиот свет, и покрај болеста и изнемоштеноста, ќе го најде вистинскиот мудар совет за својот забрзан гостин: Пријателе Арафат, да сум на ваше место, јас би ја искористил историската шанса за да ги кажам вистинските историски зборови пред преставниците од целиот свет!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)