по (предл.) - речиси (прил.)

Никогаш нашиот егзил нема да биде залуден, пееше Дарвиш, по својот полвековен егзил, за вечното враќање дома на Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По малку како дури сега да си го поставуваше прашањето: која беше Мајка, по речиси половина век брак, од кој најголемиот дел минат во егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По речиси три години подготовки и перипетии, гемиџиите биле готови за акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Само еднаш по речиси цел месец вечерни средби тие успеаја да разменат бакнеж.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дома? А што барам дома, по речиси петнаесет години, кога веќе ништо немам таму?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби ќе го најде за миг во катедралната црква Света Софија, по речиси три децении од првото доаѓање на бреговите на Езерото, ќе трага по клучот на бравата на слободата, ќе ја најде отворена вратата на катедралната црква Света Софија, во храмот таа ноќ престорен во поетски храм на добрината и толерантноста на поворката избрани поети од светот на Езерото, татковина на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)