под (предл.) - око (имн.)

На човека некако само од себе му се налага да ја замисли над шивачка или плетачка машина во задружна работилница, каде што жените, кога ќе влезе некој, го погледнуваат кратко под око, не исправајќи ја главата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Убаво си наумил, бег, убаво. Оти да не појдиш; оди прошетај се, како да е ќе се опуле некоа, ако не млада, оно од постарите!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вака — јас стар, ти стар, белким ќе опулит некој младо невеста во нас — божем се нашакува Арслан и го погледна под око Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ми се чинеше дека онака бледа, пеплосана, не ќе може да го стори тоа; но како што минуваа деновите, работата ја исполнуваше Луција и полека крвта ѝ се врати, образите ѝ се заруменија, погледот ѝ се избистри а модрите полумесечини под очите исчезнаа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По месец дена Луција се врати на училиште: беше ослабена, бледа, со модри траги под очите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме погледна под очи, ме одмери со недоверба од која грлото ми се сушеше и подаде рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од тоа понекогаш почнуваше да боли по лицето и под очите; беше некакво самосожалување и го тераше да солзи, онака гладен, онака заздишен, онака бессилен и онака сам пред тоа нагорно море од снег, крај тие скочанети стебла, од чијшто допир му мрзнеше преклонетото чело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нешто се напнуваше, нешто не можеше да биде задржано, а после, сосема наеднаш, по сета негова внатрешност избликна од некој скриен вир во него и се плисна по неговото лице, едно чувство, од кое сега почнаа да му лазат некои меки, едвај осетни допири под очите, тоа го зајазлуваше неговиот здив, сѐ додека сиот не се згрчи и не препукна во едно придушено липнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Просто го сеќаваше на своите рамена тоа тупо, но толку благо лице, од чијшто поглед ниеднаш не престануваше да се точи знајната длабока, потсмешлива добрина, која немаше заедничко ни со двете големи торби под очите, ни со длабоко и несиметрично врежаните старечки долини околу устата, ниту пак со неговата тврдо скована брада, чиниш од под која веднаш се слеваше јакиот јунечки врат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Татко му го следи под око и препредувачки се поднакашлува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вели: „Нам, на селаните, среќата ни е променлива, а несреќата постојана“ , велеше Лазор Ночески и запре возот, штракнаа катанците, штрангите, се отвори вагонот и се рашири некоја светлина што се турна во вагонот што се бувна во нас и што после тргна по нас, и нѐ загледува така - гурелави, со пострупени клепки и усти, потечени под очите, со потргнати образи, обесени, разбушавени и со сламки, со осилки во косата, со кучешки болви; нѐ тераат војници, небаре метилави овци, пропрснати и со подмакани слабини, ни тропаат коските, војникот што ни отвори 119
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја заборавил лузната што му се протегала од челото до под око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина треварите стоеја зад него и го мереа навредено под очи...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина на широките гради му недостасувал медал од кој сонцето е само малку потемно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Валчестите коски под очите му се јагуридосуваа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но не знаев колку време стоел над мојата бесвест, секако не пуштајќи ги треварите, црниот Пандил и лисоликиот Никола Влашки, да ми ги тргаат тешките клепки од очи и со пречувствителните прсти да ја стискаат жилата на моето младо чело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Збиваше како да избегал од водите на потокот за кој му зборував и, сега сосема наведнат, гледаше во моите раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаш црно под очите, ајде ти в болница за да видиме што е работата, како е, да не е нешто заразно, опасно. Да испитаме, пиленце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Иван го гледаше в очи. „Што имало?“ И пред Отец Симеон да сфати што му одговори, осети тап, непознат удар под окото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Здраво, и тепај ги Романците на ринг.“ Излезе скоро со сигурни чекори носејќи ја со себе под очи својата магла небитница.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Усните ѝ беа јасно црвени, на образите имаше руменило, носот ѝ беше напудрен; имаше дури и малку сенка под очите, за да ги направи посветли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Под очите имаше жебурки, кожата на образите му висеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговото лице, видено од долу, изгледаше грубо и истоштено, со жебурки под очите и со уморни брчки од носот до брадата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кавалџијата Ангеле си потсвирнува за своја душа - под око подгледнувајќи ги невестите и момите.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се прави како божем не ме гледа, ама знам оти ме гледа, под око ме држи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се разбира, непрекинато под око ја погледнуваше Петра и секогаш се уверуваше дека тој е не помалку под нејзиното будно око.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Демек... - присторе Србин. - Демек, тоа е да не знаеш кој кога те држи под око и зошто. - Аха, - рече Србин и реши нешто да запамети. - Убаво богами.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Децата сите го гледаа под око и, како некои судии, го чекаа да им дојде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И така, не му преостанувало ништо друго освен да појде до нејзината куќа по лекови и мелеми и леле! колкава изгореница имал на лицето, под очите!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Просторот е бришан и под окото на противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Седни... Ти трепери брадичето и солза под око ти стежна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А кај е мајка ви? - запраша подозриво кондуктерот, гледајќи ги под очи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го праша тогаш Мехмед паша, гледајќи го под око ибн Пајкота: „Ако мислиш да си купиш дете од пазарот за робје, дете да ти слугува и да ти мете низ дуќан, јас дозвола давам. Ти си аза, чело на рисјаните. Само речи.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Валијата подзастана, па го погледа под око: „Ама еднаш си бил кај неа? Без мој изим и мое тескере, така?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„И тој Просек сакам да го видам исто како и Блатието,“ рече мечтателно санџак-бегот, но во исто време сосем трезно погледа под око во Сандри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ако некој му го забрани ова право на игуменот“, рече тивко игуменот, гледајќи го под око овој дрзник, „Свети Ѓоргија да му е осветник, разбра?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)