под (предл.) - опашка (имн.)

Кога тие ќе крадеа овошје по градините или зеленчук по бавчите, на него белјата ја фрлаа; и кога ќе врзеа куче и мачка за опашка или кога ќе им врзеа конзерви да тропаат по нив и панично мјаукаа и лаеа низ селото, на него белјата ја фрлаа; кога на селскиот добиток ќе му ставеа коњски муви и стршлени под опашката и тие јуреа и рикаа како бесни низ полето или сокаците, белјата на него ја фрлаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пупунците ја преспиваат зимата во круг, секој со клунот под опашката на оној пред себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Небаре да ги фатила мувата, да им влегла под опашка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога она враже истркала и понатаму неколку ситни зрнца од под опашката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Како – велам – за четирите? Кога четвртото парче е во чинијата. – Не, – одговара – иако е во чинијата, гризнато е и згмечено е со прст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И вртат со муцките под опашката, се касаат, го бараат редот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
__ 25 Чутуранга (санскр. чатур – четири и анга – чест) – древна игра за четворица која се смета за претходник на шахот, во која играле четири кралеви поставени на 64 полиња и се движат под различни агли.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А мене ми е како кога ќе збоднеш коњ под опашка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стомниња, бардиња, грниња, на ти тебе толку, дај ми мене олку, мора, нешто да сме згрешиле, вели, и царот веќе одел на дрва и на ќумур, вели, сега мечката свирела, а царот играл, стомниња, бардиња, грниња, од ќуспе масло не се вади, и шути за нас на мечката, ја јаде крлеж под опашка, вели, и царот садел компири, стомниња, бардиња, грниња, вика Толе Грнчарот и си шеколка по патот, се оддалува, како подиставен од умот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)