под (предл.) - планина (имн.)

Водата, изворите и речиштата горе под планината се заборавија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Вака ќе направите“, им рече тој и откако се принамести во столот продолжи: „Дали сите добро го гледате оној хил, врвот на онаа тумба што личи на газер од јајце, под планината, како го викавте!...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Од кое село си? - праша вториот - Од Мацково, селово под планинава - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А градот убав, под планина и на море.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Десно од патот се двоеше тесен каменист селски пат, кој што водеше направо под планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во подножјето почнуваше рамницата што во продолжение на езерото навлегуваше нагоре чиниш длабоко под планината и натаму до оној издолжен рид што ја прекинува и зад кој се наоѓа неговата Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
_____ 32 Се смета дека под планината Галичица која го дели Охридското од Преспанското езеро, постои едно трето, подземно.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)