под (предл.) - плоча (имн.)

„Ќе и истура под плочата, па по некое време ќе си и прибера, ако остана жив" — си помисли Андон и така направи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мртви, ги слушате ли моите воздишки и дали вашите соништа биле исти како моите?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кокошките ќе се раскокодакаат, ќе претаат со нозете, ќе ги шират крилата, ама не ќе можат ништо да сторат, ќе дозволат да бидат однесени во просторијата под плочата каде што Чана веќе приготвила легало за неа и за нејзините пилиња веднаш до другата просторија во која ја смести својата мајка , нејзините бовчи и себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но коските под плочата таинствено молчеле наслушувајќи ги шепотите на мајките и примајќи ја животната топлина од допирот на нивните чела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Коста Ципата не се качил на една од плочите, туку, исто како и тие, се симнал долу, под плочите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)