под (предл.) - претпоставка (имн.)

Под претпоставка дека сега е зима, животните и луѓето запаѓаат во своевиден зимски сон, т.е. инертност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Си ја замислував дури и изненаденоста на нејзиното лице кога ќе ги забележи моите пораки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби ќе посееше по малку сомневање овде-онде, под претпоставка да се осмелев да го покажам некому.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па сепак, од потребата за конкретна акција ме одвраќаше помислата дека веќе во идниот момент Катерина ќе ја поткрене главата од перницата (се разбира под претпоставка дека го избрала креветот како место за починка) и ќе ги здогледа книвчињата чијшто број постојано се зголемуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Шалтерите кога работат работат до десет, а јас, под претпоставка дека ќе имам среќа да работат, пресметав дека ми остануваат два-три сати за убивање.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)