под (предл.) - принуда (имн.)

Можеш ли да си замислиш колку многу боли кога родното место го напуштат под принуда?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Девојчево беше под принуда публиката да ја освојува со силата на вродениот шарм, гестот и актерска игра.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Подумав малку и реков, под принудата на бичот на окото негово што висеше над мене: „Оче Стефане, јас не мислам ништо инакво од вас“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оти како можев да признаам дело зло мое, кога по налог туѓ, под принуда, а не од срцето мое извршено беше?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)