под (предл.) - јарем (имн.)

Две рала волови под јарем, коњ само за на свадби, за на панаѓури и за на пазар; седумдесет брави овци, четириесет брави кози, две крави молзници и двајца измеќари...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Академикот и гонкуровец Морис Друон, истакнувајќи го значењето на овој роман, како и сагата во целост, како посебен придонес во европските литератури, особено во периодот на падот на идеологиите ќе запише: Се работи за еден трагичен запис од враќањето во родната земја Албанија (во 1979 г.), која сѐ уште била под јаремот на сталинистичката ортодоксија...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еднаш некоја жена отиде во едно албанско село и таму си ги виде воловите впрегнати под јарем.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Впрегнати под јаремот на таа голема желба тргнавме на пат со времето и по трагите на спомените кои се дел од нашето опстојување и постоење кое, како што рекле мудрите умови, е составка од многу минато и малку сегашност... ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)