под (предл.) - вистински (прид.)

Албанскиот полиграф ќе соработува во книжевното списание на Аполинер „Гозбата на Езоп” под псевдоним и на француски јазик, во духот и стилот на тогашните европски авангардни автори, вложувајќи го другиот дел на својата личност во написи под вистинското име во прилог на албанската преродба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Говореше доста неповрзано, господин судија, и јас навистина не знам на што се должеше тоа; изгледаше необично возбуден; не, не беше пијан, во тоа сум убедена; беше само возбуден; кога му реков дека е возбуден, тој рече: „Да, се разбира; знаеш ли што значи по толку години да се најдеш под вистинско небо?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Навистина, ние правевме пикник под вистинска елка, играјќи чудна игра која дедо ми ја нарекуваше „одбројување“ и во која секогаш морав да го прашувам за часот, а тој да го одредува правецот и чекорите кои требаше да се направат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)