покрај (предл.) - море (имн.)

Многу народ се насобра на таа гола, мочурлива ливада што беше распослана покрај морето и обрасната со трње и со високи и остри бодликави тревишта и засмрдена од нешто гнило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Патот беше долг и траеше цела ноќ. В зори нѐ растоварија покрај морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Поради неговото намалување, организмот ни реагира: слично како што е со билките кои живеат покрај морето и кои се навикнати на јодните испарувања: ако тие билки се пресадат на друго место каде што нема јод - не можат да виреат, боледуваат, венат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Веќе го снема стројот, строевиот чекор, долгото трчање по макадамот покрај морето и трчањето пругоре сѐ до кралската палата, немаше марширање и со песна, на морнарите не им ја земавме лединката, и под разгранетата врба не стоевме во строј и не се колневме во генералот Маркос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Полињата и планините покрај морето беа негови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Според него, бидејќи решиле „да се арчат“ велешките младинци, иако биле добри ученици, започнале да бегаат од училиштето и да скитаат покрај морето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Е, солта, или што беше не знам што остануваше, ја фрлаа покрај морето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Хјустон е град покрај море, коешто немав желба да го видам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)