покрај (предл.) - еден (прид.)

На другата страна од просторијата, седејќи сам покрај една маса, еден ситен човек кој необично потсетуваше на бубалка, пиеше кафе додека неговите ситни очиња фрлаа сомничави погледи час на една, час на друга страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Покрај една малку подалечна маса имаше едно слободно место, но нешто во изгледот на човечето навестуваше дека тоа ќе внимава доволно на својата удобност и дека ќе ја одбере масата со најмногу слободни места.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што очекуваше, таа седеше покрај една маса на речиси истото место и повторно сама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А еве ја мојата поетика, вели Шагал: Имав една крава која ја врзав со синџир за сонцето и таа си пасеше меѓу покривите и ѕвездите, покрај една древна словенска црква, обрасната во бујно зеленило.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)