помеѓу (предл.) - мене (зам.)

Уште понеспокоен беше П.П., на кого по овој тек на разговорот помеѓу мене и А.А., му стануваше тешко да се надоврзе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Претпостави дека се случило нешто помеѓу мене и З.З.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сакам да речам тоа момче, кое згора на се се викаше и Иван го разурна минатото и оној ѕид помеѓу мене и смртта на мојот Иван!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттука и бесмисленоста на сите прашања околу некакви намери што се труди да ми ги прикачи иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знам дека моите објаснувања не нудат многу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Долго, многу долго ги употребувавме јасните и, како што велеше таа, можеби погрди зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па кажете ми сега, со каков изговор ќе можев во мојот дом да не го прифатам детево, им се обраќав во мислите на милиционерите?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За мене, за заречениот ерген, појавувањето на таа иста Стојна на мојата врата по полноќ, не беше ништо друго туку почеток на втор дел или продолжение на приказната што веќе беше набележана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нема и да оспорат ништо во случај да не постојат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А другион дел од настанов, или непогодица наречи го ако сакаш, што се случи помеѓу мене и таа иста Стојна во наши денови, мислам на оној случај кога наврати во мојата соба во Бањи дури откако бев пензиониран, не можев да го протолкувам поинаку одошто само како нејзино навраќање кај старата љубов, за да чепне уште малку, се разбира нешто ако останало од таа стара љубов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Син ми како да се беше вратил од далечно патешествие, и тоа лично а не неговата сенка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Но треба да знаете дека пред да се употреби за првпат зборот часот, однесувањето помеѓу мене и мајка ми го сметав за поприродно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште нешто што можеби ја објаснува суштината на проблемот и го прави беспредметен овој разговор: јас знаев, а и сега знам, дека ништо нема да потврдат дури и евентуалните надворешни сличности или разлики помеѓу нас двајцата, помеѓу мене и Јана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Раснам, кожата ќе ми испука. Но таа се фрла помеѓу мене и пилата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги голтаа пожолтените списоци со музички групи (залепени на извалканите стакла од издувните гасови на автомобилите), задоволни од исплатливоста на колекционерството и евтината пиратерија, која секогаш остануваше нерешлива дебата помеѓу мене и соп ственикот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А помеѓу мене и моето его, споени дистанци од блискост.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Раснам, кожата ќе ми искпука. Но таа се фрла помеѓу мене и пилата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Постојана шега помеѓу мене и Бригид беше да се јавиме еден на друг и да си кажеме: „Здраво, почекај момент“, и тогаш ги вклучувавме касетофоните и трачаревме по неколку часа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ете! Да не се случеше таа случајна средба помеѓу мене и тој стрип, можеби јас денес ќе бев некаков успешен банкар, или еминентен политички коментатор, или флексибилен деловен човек, па дури и ептен угледен правник (за каков што ме мечтаеше татко ми во своите родителски сништа)...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Младешката љубов помеѓу мене и театарскиот медиум никогаш до крај не пламна и брзо згасна.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Нешто смрзнато и неподвижно што ги мени луѓето да не бидат луѓе, да бидам смрзната неподвижност и не на улица, а кај нас во собата - ѕид помеѓу мене и неа, граница на отуѓување неврат, нескршлив неуморлив суров бог.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
В ред, старецу, тоа е војна! Помеѓу нас! Помеѓу мене!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А сето време бев ангажиран со помислата дека Непознатиот го познавам, и дека се наоѓа негде овде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А помеѓу мене и Милошевски мислам дека постоеја такви а и други пречки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помеѓу мене, жените и Непознатиот во соседната соба немаше посредници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми се гади од причината за моето лично постоење и ѕидот помеѓу мене и неа, нејзината непријатна важност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)