помеѓу (предл.) - дом (имн.)

Се прегрнавме, се разделивме, продолжив по мојот пат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара му зборуваше за својот свет кој завршуваше со прагот на домот, за она што можеше да го види отаде границата на нејзиниот свет – она што можеше да го види низ прозорецот од својата соба: улицата и куќите од спротивната страна, и дрвата покрај куќите и небото над нив, дел од тој недофатлив свет беше и она што можеше да го види во книгите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ѝ зборуваше за својот свет, кој се простираше помеѓу домот, факултетот, библиотеката, домовите на пријателите и болниците во кои заедно со колегите од факултетот практично ги усвојуваше знаењата од медицината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гнездо беше на половина пат помеѓу домот во кој Клара требаше да се врати, и домот во кој јас требаше да се вратам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
15 Поминаа денови, неколку недели, Петар го живееше своето секојдневие помеѓу домот, училиштето и средбите со пријателите најдобро што знаеше и умееше, во своето тајно, тивко страдание.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тоа едноставно ја покажува огромната разлика помеѓу дом и куќа, помеѓу мизерниот физички објект и принципот, создаден не од тули и дрво, туку од мноштво различни емоции насобрани со текот на времето, без некоја посебна причина, без поврзаност со наградувањата и казните.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)