помеѓу (предл.) - живот (имн.)

Ова изгледа е најуспешен обид за бришење на разликата помеѓу животот и уметноста, така што животот останува живот, а уметноста уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Освен веќе споменатите дела, негова најчиста работа во тој домен е Театарскиот чин (1960), за 1-8 изведувачи, кој предвидува низа пропозиции кои наликуваат на игра (играта секогаш има општествен карактер!) низ која изведувачите треба да одберат работи кои потоа ќе ги фиксираат како улога, но така што улогата го отсликува нивниот статус во реалниот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во делото 33 1/3 Кејџ поставува неколку (највеќе можни!) системи за репродукција на звукот во просторот предвиден за изведување и на учесниците во проектот им нуди избор плочи со различен вид музика која истовремено можат да ја пуштат на грамофоните.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помеѓу животот и смртта, и помеѓу физичкото задоволство и физичката болка, сѐ уште постои разлика, но тоа е сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Границата го означи спасоносното катарзирање на линијата помеѓу животот и смртта.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа беше јасен показ од грани­цата помеѓу животот и смртта за сите нас, неговите потомци дека најмногу се оставил во своите книги и неговото сигурно продолжување можеше сигурно најмногу да биде низ нив...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Непробојните огради помеѓу животи се нужност зашто, боже пази, да ми се случи да ги живеам сите животи со паметење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Никнува од самиот камен и помислуваш дека тука, случајно се ниша тоа на самиот раб помеѓу животот и смртта: сиво и безизразно, со цврста кора и безброј боцки на неа.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Верувам дека нештата во она што се нарекува смрт се многу поживи отколку што ми се мене сега, зашто кога ќе умрам во духот ќе бидам многу пожива отколку сега.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не,“ реков. „Зборувам како да сум помеѓу животот и смртта. Ни ваму ни таму.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми требаше да нè спаси, да ни го поврати тоа изгубено време на семејството, да ја донесе разврската, небаре жртвувана на границата помеѓу животот и смртта, таа свеќа на семејството што никогаш не догоруваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ете, и сега, при последната мајчина рожба, крај мајка ми, во борбата помеѓу животот и смртта, беше нашата баба Русинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ти здјелаеш ето! И трчав. Господи, како само го протрчав тоа тенко растојание помеѓу животот и смртта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тоа педесетгодишно отсуство помеѓу животот и смртта на баба, се зголемуваше митскиот ткаеж во мојата свест за сеприсутноста на оваа жена во истрајбата на татковиот балкански егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Лакот на неговиот егзил од Балтичкото Море, до ова Езеро на јужниот Балкан, беше голем и преполн со неизвесности и стапици, помеѓу животот и смртта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имаше уште многу, многу завои да одвива Игор Лозински од својата намачена и ранета душа, за да допре до дното кога душата се ослободува од секаква тежест и лебди помеѓу животот и смртта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја загуби мајка си на самото раѓање, на границата помеѓу животот и смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Напати, во тие тешки мигови, во кои ќе се најдеше семејството, на разминување помеѓу животот и смртта, како да се доведуваа во прашање сите верувања, идеологии, сите знаења за животот, мошне често се наложуваше случајноста, каков што е, впрочем, самиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)