помеѓу (предл.) - коза (имн.)

Татко ми кога заврши за оваа необична спрега, Чанга не можеше а да не го праша: – Не можам да ја разберам врската помеѓу козите и јаничарите?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми насетуваше дека за партијата и за власта работат институти со специјални задачи да се навлезе што подлабоко во причините за поврзаноста помеѓу козите и луѓето на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга не можеше да одреди каде цели татко, замислено трагајќи по директната врска помеѓу козите и балканските јаничари, па рече, повеќе за себе: – И во сите тешки времиња на Балканот козите секогаш биле со луѓето? – Да – прифати татко ми – козите биле со луѓето во сите тешки времиња на Балканот, пошироко во земјите на Средоземното Море, на Балканот и Далечниот Исток.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми го чекаше нешто да допише, па продолжи: – Ти должам одговор на прашањето за врската помеѓу козите и јаничарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои ширеа гласови во Козар маало и во градот дека татко ми е уфрлен од власта во Козар маало, а останал во тајни врски со партијата, наводно за да ги следи релациите помеѓу козите и луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)