помеѓу (предл.) - мајка (имн.)

Потоа она нејзино наметливо заблазнување заради некои божем неспорни љубовни односи помеѓу мајка ми и Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми се беа врежале во споменот сите оние бладања на Огнена Гулева за ноќите под Сина Скала, кога во нашата куќа престојувала групата борци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби помеѓу мајка ти и татко ти постоел некаков договор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар молчењето на мајка ти не може да се сфати или да се објасни како последица на таквиот договор - се обиде Даскалов да пронајде барем мал излез од лавиринтот на замрсениот случај.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бев уверен дека таквите конструкции веројатно шетале од уста до уста, особено во деновите по моето раѓање што се поклопуваше и со деновите на ослободувањето, кога веројатно се прераскажувало учеството и на мајка ми во воените случувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
В ред, в ред, во создавањето на таа фама (дека Ѓурчин ми е татко) не треба да го минимизирам ни учеството на мајка ми, поточно начинот на кој таа се однесуваше кон тврдењето на Огнена Гулева.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеме да продолжиме онаму каде што запревме на крајот од поглавје 10 и да ја толкуваме привлечноста на тие филмови за геј-мажите и на двете веќе издвоени сцени од нив, и тоа во контекст на нашево сфаќање на кампот. ‌Глетката со лутата мајка би функционирала, според ова толкување, како начин на нова изведба и дејствување преку еден од најголемите ужаси или потенцијални ужаси, од настраното детство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако една од функциите на камп-хуморот е да наврати на трауматична сцена и да ја преодигра таа траума во урнебесно преувеличен сразмер со цел од неа да ја испразни болката што кампот не ја одрекува, тогаш за присвојувањето од страна на кампот на овие драми во судирот помеѓу мајката и ќерката може да се мисли дека е соочување со стравот што тишти многу геј-момчештва и што остава трауматичен талог во внатрешните животи на голем број возрасни гејови: стравот дека обожаваната мајка може да си ја покаже – макар и несвесно, или против своја волја – несовладливата одбивност кон сопственото чедо, одвратноста од тоа што родила и одгледала девијантно дете.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зарем не е фрапантна блискоста помеѓу мајката и таткото со јагулата, кои ги идентификува само жртвата со вечното раѓање?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)