помеѓу (предл.) - облак (имн.)

Во светите текстови лудилото е казна ако не се биде послушен на Господа: „Господ ќе те удри со беснило, со слепило и со лудило“ – таква е казната според „Стариот Завет“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Минале еони и човекот започнал поинаку да си ги објаснува нештата – молскавицата била резултат од судирот помеѓу облаците, сонцето било небесно тело кое се движело околу земјата, ама лудилото и натаму било последица на опседнатоста од божји или демонски сили.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)