помеѓу (предл.) - река (имн.)

По смирувањето на Хелените, Александар во 335-та тргнал на север за да ги смири Трибалите кои живееле на просторот помеѓу реките Јужна и Западна Морава-Искар и Дунав (Истеос) на север.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Гледаше како се буди градот, сместен помеѓу реката, патот и ридовите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За основно јадро на македонската држава се смета областа помеѓу реките Лудиј (Мегленица) и Аксиј (Вардар) каде се наоѓале и македонските престолнини Ајга и Пела.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ако ни се прескапи рибјите патеки, отворите на браните со прикладни лифтови за да се совладаат висинските разлики помеѓу реката и браните, прескапи во сегашните години на изградбата, бидете убедени дека кога ќе стасаат идните генерации научници, хидроинженери, биолози, кога ќе се откријат и други извори на електрична енергија, тие сигурно ќе настојуваат повторно да го откријат патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Помеѓу реката и шумата на четирите годишни времиња удри граната.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)