помеѓу (предл.) - сексуалност (имн.)

Зашто насетував дека таквите прашања бележат – иако на некој општествено шифриран начин – низа интуиции за односот помеѓу сексуалноста, од една страна, и културните облици, стилови на чувствување и жанрови на дискурс, од друга страна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, тоа е попрво зашто конкретните стереотипи што мислел дека ги застапува мојот предмет, ете, случајно беа во споротивност со гордата и „позитивна“ слика на мажественост и достоинственост што тој ја имал за себе. ‌Ете на што мислел Џон кога рекол дека стереотипите даваат „искривен впечаток за геј-мажите во Америка“: тие не разграничуваат помеѓу сексуалноста и родот, не ја разграничуваат машката хомосексуалност од женственоста, не го признаваат постоењето на геј-мажи што се однесуваат и изгледаат стрејт, не ги издвојуваат тие мажи од нивните деградирани, женствени собраќа и не им ја овозможуваат општествената угледност на која полагаат право со својот многупофален родов дострел. ‌До такво признание, всушност, тешко се доаѓа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Книгава, како и мојот предмет, се вика Како да се биде геј затоа што таа фраза ги именува темата, појавата и проблемот што сакам да ги испитам и да ги разберам – имено, токму претставата дека постои правилен начин да се биде геј, дека машката хомосексуалност не е само сексуална туку и културна практика, дека постои врска помеѓу сексуалноста и општествената или естетската форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)