помеѓу (предл.) - човек (имн.)

Феноменот на поезијата постои за да се воспостави ред меѓу нештата, ред помеѓу човекот и времето, зашто вистинската традиција не е завршено минато.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Нема ништо заедничко помеѓу човек со искуството на еден Хаксли со неговата интелектуална дисциплина, и петнаесетгодишно момче кое паѓа вдишувајќи авионски лепак.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Кој бев јас да им кажувам на овие луѓе што и како да мислат?“ се сеќава на размислувањата во својата книга од 1978 година Science in a Free Society.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Нивните предци развиле самосвојни култури, колоритни јазици, хармонични погледи за односите помеѓу човекот и човекот и човекот и природата чии остатоци се жива критика на тенденциите за одвојување, анализа, само-центричност инхерентна на западната мисла”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нема разлика помеѓу човек и животно.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ним, како од раце да им се лизна Правичноста, според која договорот направен помеѓу човек кој ручал добро и човек кој го продава својот труд за гола егзистенција, помеѓу силниот и слабиот, помеѓу богатиот и сиромавиот, помеѓу господарот и робот – не е воопшто ‘договор’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тажен е податокот дека, ретко кој од денешните наши судии посветува внимание на „потчинетоста која ѕирка зад фасадата на наводната договорна еднаквост“ (Пол Дејвис) – оти купувачот и продавачот вообичаено, барем во економска смисла, се еднакви, ама работникот и работодавачот не се.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ни се чини умесно, попатно, да се потсетиме на Кропотки- новиот спис Апел до младите [правници].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кулик така е заговорник на нова агрокултурна револуција, која ќе донесе нова симбиоза помеѓу човекот и животното; тој сака да ја ограничи човечката популација на третина од сегашниот број за да се воспостави нова рамнотежа во биосферата; но, посебно, тој сака да ги поттикне истражувањата на психологијата на животните кои би резултирале со нов дијалог меѓу животните и човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Измитарената љубов помеѓу човекот- ѕвер и мечката- жена, според преданијата на селаните од тој крај, почнала во времето кога најугледните родилки од Кукулино се триеле голи една од друга со извици Роди, земјо, и голи се тркалале по нивите да роди земјата како што раѓале и тие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Игуменијата исцибрела од сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)