поради (предл.) - болест (имн.)

Што се однесува до другите промени во сферата на престанокот на работниот однос по пат на отказ, во периодот 1993-2003 беа воведени и следните три подобрувања: •  прво, давањето писмено образложение за причините за отказот стана задолжително (чл. 5, ЗИДЗРО/97); •  второ, во април 2003 е пропишано дека, во случај работникот да поднел приговор против одлуката за отказ, тој ќе има суспензивно дејство т.е. ќе го одложи извршувањето на одлуката за отказ, сѐ до донесувањето на конечната одлука по приговорот (чл. 8, ЗИДЗРО/апр.03); и •  трето, исто така во април 2003, должината на времето за задолжителното известување на работодавецот, дека работникот е отсутен од работа поради болест или оправдани причини, е продолжена од 24 на 48 часа (чл. 7, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Инвалидност може да настане поради болест, повреда надвор од работа, повреда при работа или професионални болести.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инвалидност постои и кога кај осигуреникот поради промени во здравствената состојба, која не може да се отстрани со лекување, ќе настане трајно губење на работната способност [општа неспособност за работа].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со таа разлика што сега промените не се однесуваат само на пресметувањето на пензиската основа при добивањето паричен надо- месток во случај на невработеност, туку го опфатија и надоместокот на плата во случај на привремена спреченост од работа поради болест и повреда, отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство или професионална неспособност за работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Строгиот глас на редарот предупредува дека претставата се одложува за еден час поради болеста на главниот актер.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Така, поради болест, поради старост... - Вујко Аргире!... - крикна како ранет Веле.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)