поради (предл.) - немоќ (имн.)

Ова им беше доволен адут Претседателот на Републиката, според членот 55 од Уставот на земјата, поради немоќ да владее, да биде отстранет од власта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За разлика од досега, кога светот го гледаше само надворешно, сега за првпат , погледите на Еразмо беа свртени кон сопствената внатрешност. Од и поради немоќта!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Суштеството беше премногу запоставено, желно за мирен сон, гладно за духовна храна, премрзнато од студените погледи на Еразмо со кои секојдневно беше шибано, како потсвесна самоомраза, небезбедно од острите стрели на стравот на Еразмо, што напаѓаа со налет врз него секојдневно, згора на се, осудувано со самообвинувања поради немоќта да се сака себеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога последните сончеви зраци замреа зад западните планини, таа, уморна и бесна поради немоќта, но, како секоја жена во дното на душата задоволена поради поразот, го поттикна момчето: Се предавам!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)