пред (предл.) - пет (бр.)

- Имавме до пред пет години. - рече игуменот, - но фати свинска чума и ги сотра: и манастирските и по селата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Паметен си и знаеш зошто на работа никогаш не доаѓам со бемвето кое татко ми ми го купи за матура пред пет години.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Девојчињата седеа дома, а пред портите на куќите излегуваа само постарите Еврејки и во топлите летни ноќи, додека ветрецот го носи мирисот на Дунав, џагорот на бродарите и јазици допловени од далечини, пееја романси донесени речиси пред пет века од Шпанија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знаеја и младите дека ашик нашата заедница не поднесува, дека срам од љубов во неа не бидува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ова утро, според информациите од медиумите, се дознава дека ноќта била мирна на ридовите над Тетово.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе заборавев: пред пет дена добив картичка од вас во која се претставени двата брега, албанскиот и македонскиот, на Охридското Езеро со поглед на Поградец, што вие сте ми ја напишале на 18 декември 2000 година!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И веднаш се смируваат, како да не си се изразвикале пред пет минуги.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Пред пет години. А сега е сѐ поинаку. Сега Жаклин е чесна жена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Настанот од приказнава се случил пред пет векови. Во Илјада и не знам која година.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)