пред (предл.) - полноќ (имн.)

Пред полноќ покрај него поминаа двајца со автомати и по кусо време се слушна шлапање на коњски копита.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А потоа пред полноќ небото го поклопуваат ниски, густи и влажни облаци, коишто го покриваат овој град на илузии онака како што мајка покрива дете што се заиграло, па заспало.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Пред полноќ почнаа да се собираат. Најпрвин маалските деца, поспретни во рацете, со нив нивните татковци, чичовци и вујковци, од сите вери и народности. Женското лоби, со плетала, во задните редови.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не знам што време е: јали полноќ, јали пред полноќ, јали нешто по полноќ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Журката кулминираше во диво рикање на фолк рефрени од страна на припадниците на гардата и логично завршуваше некаде пред полноќ, кога гардистите уживаа во нежното танго со младите хуманитарки и поличниот дел од секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Беше навистина еден на еден. Мал, мал ама техничар, Давид го плесна со каменот од прачката Голијата средчело, сѐ се заврши мигум, Давид мигум фрли поглед кон скришната ѕвезда на небото и додека сите вџашени се прашуваа до прачката ли е, до каменот ли е, до раката ли е, мрзоволно киниса накај дома, како што денешнава младеж пред полноќ мрзоволно се качува на последниот автобус за приградската населба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Малку пред полноќ дојде струја и така на екранот го гледаа одбројувањето на последните секунди од годината што заврши.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пред полноќ, стигна побратимот Гури Порадеци, крајно загрижен што сѐ уште не бевме тргнати.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)