пред (предл.) - човек (имн.)

— Ами снага? — Исправена како пушка, гради истурени напред, стегната половина, долги нозе, обли раце, чисти нокти, измиена, исчистана, како за пред човека, што би рекле мариовци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред човекот немало ништо. По човекот, ако дојде до крај, ќе нема ништо. Надвор од човекот нема ништо.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како густо скалапена сенка, пред човекот мируваше голема, метална каса.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи: тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стојам така пред луѓето, а небото клекнало, се фатило за земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Автобусот застана така што влезната врата дојде скоро точно пред човекот во сина облека.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се држите за некои свои излитени принципи и обичаи како слепци за стап. Ме избрукавте пред човекот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Лошото пред човекот му е дадено да го види, како репер, да го „стави на кантарот“ за да ја процени тежината на доброто – ја заврши мислата старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оттогаш ја добива целосно својата смисла симболиката на водата, со едно езеро синоним на чистотата, појавено многу време пред човекот, со својата разбранувана вода која, откако ќе го напушти својот вечен резервоар, не знае граници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И се отвори небото како екстаза, луцидна за себе слепа за сѐ друго! Човек пред човека не се отвора на таков начин ни во исклучителните мигови на премин од еден во друг и излез вон себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)