преку (предл.) - море (имн.)

Собраните пари божем за ѕидање црква, рече, Симиќ ги собирал за себе; тој подмолно лаже кога вели дека тие пари за да се умножат со мамеле им ги позајмувал на беговите; луѓето се живи и не се преку море, како јас што ги прашав може и секој друг да ги праша, па сам ќе се увери дека не зеле ниту еден грош од Симиќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие најчесто патот за упади и напади на земјата го барале преку морето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Прилегаа на зелени острови, на јаже оптегнато преку морето, беа трага по која се враќаа плодовите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Далеку, може дури преку море... На секого си туѓ... Нема со кого збор да промениш, солза да размениш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Уште покрвава е сиромаштијата, што не гони таму!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Низ пукнатината на делканата оревовина ги виде сите живи во селото и оние што се далеку по светот, насекаде, преку големи реки или преку мориња со непознати риби и треви - чекорат, ги затвора круг во рамка на безизлез, се враќаат, остануваат по патот по дел од себе, потоа со згрченост ... гроб ... пепел; од нив остануваат само очите да ја бараат целта; распослани насекаде, тие се цветови на црна пролет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој сега сакаше да раскаже како живеел и што видел во туѓина и што донел во куферите оставени во опустената куќа од која отиде пред неколку години преку мориња кон непознати земји да ја пресметува во себе големината на планетата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Има итри и умни пилиња. Ластовичките, кога бегаат наесен преку море, не можејќи да ја прелетаат водата, се качуваат на кораби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите „варвари” што иделе ваму на Балканот, преку море, преку реки, копно имале моќна воена организација. Биле освојувачи на големи простори.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И никогаш не ги втасавме тие што заминаа преку морето
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се запленуваа на јуриш бродови на пристаништата за да се мине преку морето, да се стигне до Западна Европа и продолжи подалеку, преку океаните.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вујна Клементина сонуваше и момата Ервехе, како и нејзиниот брат, а и полубратот, да студира во Италија, во Рим или Римини, или во Бари, најблиску што можеше да биде, преку морето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Долго, долго леташе Ластовицата. Сакаше на децата што живеат далеку на север, преку морињата и планините, прва да им однесе вест за скорото враќање на пролетта.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
В село не му држело да се врати и избегал преку море.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)