преку (предл.) - мост (имн.)

Утредента низ Латинскиот кварт, минувајќи преку мостот Мишел, близу Сена, во чија перспектива на двата брега се гледаа отворените кутии на букинистите, минуваше едно жолто камионче во кое беа книгите на Климент Камилски, а зад нив се движеше колата на Сотир Паскали со Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако авторот Едо поседе колку на истоименикот да му даде доволно време тој евентуално нешто да рече, исто така без збор, зошто молкот му предотегна, стана и се упати преку мостот кон мотелчето на Петра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Па со „двојка“ од Сарај преку мост до Маџари, па до Драчево и назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури и Влаинката, која, за да не се струполи, го фати под рака мажот си, па и Марин Крусиќ, - дури и тие, по мала недоумица, се упатија во спротивна насока преку мостот кон Каршијак, иако патот не им беше натаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Најважното го оставив за крај: Ѓоко со години работи како шофер у ГСП, вози дупла двојка од Сарај до Аутокоманда и обратно, а Лиле работи у Стоковната куќа преку мост, на втори спрат.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Кога ќе врвиш преку мост, не оди со лицето напред - туку со грбот. И така сѐ спротивно прави...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Имаше и еден качкет, изгмечен како питулица, не од ние купечките во На- Ма туку од Панче шапкарот од преку мост, па тој не зафаќаше ни случајна празнина во раницата, а можеше да покрие гола глава на планински дожд.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сме се прашале ли зошто катаден се смалуваат луѓето што минуваат преку мостовите?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сакаше да се врати, но се сети дека ќе биде сомнителен и ќе направи уште полошо; затоа смело тргна напред преку мостот и почна да си свирка со устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ќе минеш преку мостот на реката Сатеска.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На Привидот што предмалку се јави од преку мостот за жал му недостасуваат такви записи во сетилата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)