преку (предл.) - нога (имн.)

Гледам еден од нив префрли нога преку нога, си се загледа во чевелот и задоволно ја амка ногата онака-вака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Чаре? Море, оди легни си на чаирон, стави нога преку нога и ѕвери се во небоно. Господ сѐ гледа и ќе те разбере!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Е сега, ибн Бајко намести нога преку нога, ја расчатали устата, ги откри жолтите заби.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)