преку (предл.) - плот (имн.)

Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од јад, од ифрит во душата, понекогаш вика преку плотот: - Убивајте, убивајте, но и јас не сум будала, и јас ќе начекам некоја кокошка ваша: само нека префрли преку плотов ...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но јас и ќерка му Бала, покрај тоа, си одржувавме врски: си подречувавме по нешто преку плотот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога го видоа луѓето се возбудија и започна хајка по него: истрчуваа луѓето од куќите, со вили, со секири, со пушки, го бркаа, пукаа на него, но куршумот никако да го фати; скокаше тоа преку плотовите, ендеците, се вовираше низ грмушките и пак шмугнуваше в шума.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Којо Пипиле, гледајќи го Богдана како се нервира и лути на кучето кога ќе му лае и скока преку плотот, му рече: „Земи си и ти едно куче... Не седи сам...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)