преку (предл.) - рид (имн.)

Тој имаше изнесено стотици оки компири, јаболка, а лебами, и неколку чупи и вдовици има преметнато преку рид. И затоа го познаваа и Рожденци него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да а кандисаме за преку рид па да видиш каков пријател имаш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ајде, кажи му на побратимот шо ќе му кажиш, пак он утре рано нека а намачка преку рид, утревечер пак нека дојде со абер, а ти спремај си тоа парталочките, појди му и заживеј си како човек, шо се вели лавот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Или се делиш од брата ти, или барај си чаре на децата. Јас су си учена сама. Ќе си преврла еден ден преку ридот, шо, знајш — прави си!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Горе над селото, на сртот на Зајачки Рид, кој овде се вика уште и Веселички Рид, десно од патот, кој доаѓајќи од селото и префрлувајќи се преку ридот се спушта во Потковицата, во еден густеж од капини, над кого се издига закржлавена слива, има еден пак безимен кладенец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Господе, какво погано време беше тоа, и какви погани луѓе беа тие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се утврди дека бравите се претерани преку рид — во Мегленијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таму им беа нивните Библиски гори во кои наизуст ја учеа песната на Суламка: изнемоштувам од љубов, возљубен мој, трчај скокајќи преку ридови и гори и дојди, положи ме како печат на срцето твое за да доизгорам...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Меѓувремено, ене го Сатирот, качен на коњ, облечен како каубоец, со своите криви нозе стегнати околу натагарениот стомак на коњот, во траперки и со сомбреро на главата, распеан, мавта со ласото над својата глава и тера пред себе преку ридови и долини една бескрајна сурија луѓе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дури кога се испрелизгаа преку ридот што ги дели Дардаванија и Леденото Езеро на Подводниот Вок со едно око, тогаш Дедо Мраз се сврте да ги предупреди играчките како да се однесуваат, погледот му застана на ангелското лице на девојката, односно куклата со образи од две зацрвенети јаболчиња, над кои очичките како две расцутени ружи му прошепнаа: “Зар мислиш дека ќе можеш да побегнеш од мене!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Им станало тесно, помеѓу своите. Затоа тргнале преку ридовите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но сепак малку подоцна Филип Д. (во тоа сосема е сигурен) наеднаш се виде себеси поставен на огромната височина на денот , таму од каде што преку планините можеш да ја видиш ноќта во нејзиното мрачно легло; или, (што исто така беше можно) се виде качен на високата планина на ноќта па оттаму, преку ридовите, го гледаше денот како забрзано ја освојува планината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Полноќната дивина беше пресечена од чудовишниот продор, додека змејот рикаше сѐ поблиску; неговиот жолт блесок доаѓаше преку ридот и потоа, извивајќи се со темното тело, виден оддалеку, та затоа неразговетен, надоаѓаше преку ридот и нурна, исчезнувајќи во долината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)